Достапни линкови

Британија и Франција за зачувување на иранскиот нуклеарен договор


Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека се уште има време да се спаси нуклеарниот договор со Иран и покрај тоа што САД кои се најблизок сојузник на неговата земја не се согласни за начинот на кој треба да се реши ситуацијата. Според него, Иран е далеку од развивање на нуклеарна бомба и се уште има мал простор за зачувување на договорот.

Неговиот француски колега Жан Ив Ле Дриан порача дека Европа мора да остане обединета во обидите за зачувување на договорот, а Иран треба да се држи до неговите одредби. Тој истакна дека одлуката на Иран да ја намали усогласеноста со договорот по неговото напуштање од САД во минатата година е „лош одговор на лоша одлука“.

XS
SM
MD
LG