Достапни линкови

Емануел Макрон во дводневна посета на Србија


Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе допатува во дводневна официjална посета на Белград. Тоа ќе биде прва посета на еден француски претседател на Србија по 2001 година, кога во Белград престојуваше Жак Ширак.

Од посетата, која веќе еднаш беше одложена во декември минатата година поради протестите на „жолтите елеци“, неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ има големи очекувања, пред се во поглед на потпишувањето на околу 20 договори од областа на економијата, меѓу кои и пет за воената соработка.

Се очекува две главни теми на нивните разговори да бидат Косово и дијалогот за нормализација на односите, кој е блокиран со месеци, како и евроинтеграциите на земјите во регионот.

За безбедноста на францускиот претседател во Белград ќе бидат ангажирани околу 4.000 полицајци, специјалци и снајперисти. Веќе се пристигнати 100 француски специјалци, меѓу кои и припадници на Легијата на странци, а движењето во главниот град на Србија за време на посетата ќе биде ограничено, согласно со протоколот на движењето на делегациите.

XS
SM
MD
LG