Достапни линкови

Претседателот Пендаровски во посета на Словенија


Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во Република Словенија. За време на официјалната посета, тој ќе се сретне со својот словенечки колега Борут Пахор. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Пендаровски утре ќе има средби со претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Во Љубљана, Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.

XS
SM
MD
LG