Достапни линкови

СДСМ: Груевски ја терал Јанкуловска да лаже за убиецот на Нешковски


Македонски медиуми, микрофони поставени на прес конференција

Костадин Ацевски пратеник на СДСМ денеска на пресс конференција изјави дека деновиве јавноста гледа оти оние што се обиделе да го прикријат убиството на Мартин Нешковски преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела.

"Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае. Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување! Груевски зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува. Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна", изјави Ацевски.

На пресс конференцијата на СДСМ од ВМРО ДПМНЕ реагираа со соопштение.

"Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски" наведуваат од опозициската партија. и дополнуваат дека СДСМ треба да одговори каде е сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов кој не ја издржува казната во затворот Идризово.

XS
SM
MD
LG