Достапни линкови

Брнс воодушевена од Охрид


Новиот амбасадор на САД, Кејт Мари Брнс

Новата американска амбасадорка Кејт Брнс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

За посетата на Охрид и специјалитетите кои ги пробала во нашата земја, таа објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

" Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Во петокот Брнс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.

XS
SM
MD
LG