Достапни линкови

Русија успешно лансираше вселенски телескоп


Ракета "Протон-М"

Руската ракета "Протон-М" успешно го лансираше новиот врвен космички телескоп по неколку дена одложувања. Ракетата e лансирана на 13 јули од космодромот Бајконур во Казахстан со вселенскиот телескоп Спектр -РГ.

Вселенскиот телескоп е развиен заедно со Германија, има за цел да го замени телескопот Спекр-Р , со кој Русија во јануари го загуби контактот. Во вселенската агенција Роскосмос соопштија дека телескопот ќе ја продолжи мисијата на претходникот за набљудување на црни дупки, неутронски ѕвезди и магнетни полиња, а исто така ќе работи и на детална карта на светот.

Лансирањето првично беше планирано за 21 јуни, но беше одложено двапати поради технички причини.

Спекр-РГ се упатува на точка околу 1,5 милиони километри од Земјата наречена точка Л2 Лагранж, единствена позиција од која телескопот може да одржи стабилна позиција во однос на сонцето и планетите. Се очекува да пристигне во точка Л2 за три месеци.

XS
SM
MD
LG