Достапни линкови

Британија понуди да помогне во ослободување на запленетиот танкер


Запленетиот танкер за нафта во Гибралтар

Велика Британија понуди излез од кризата околу запленетиот танкер за нафта во Гибралтар, велејќи дека таа ќе го "олесни ослободувањето" на Грејс 1 ако Техеран обезбеди гаранции дека бродот нема да отпатува за Сирија со што ќе ги прекрши санкциите на Европската унија.

Министерот Џереми Хант му ја даде оваа понуда на својот ирански колега, Мохамед Џавад Зариф, во телефонскиот повик вчера. "Го уверив дека Велика Британија ќе го олесни ослободувањето ако добиеме гаранции дека нафтата нема да се оди во Сирија, "пишува Хант на Твитер.

Хант ја нарече дискусијата конструктивна и рече дека Зариф му рекол дека Иран сака да го реши ова прашање и не сака да ги зголемува тензиите.

Иранското Министерство за надворешни работи потврди дека тие зборувале по телефон, но не наведе дали се дадени гаранции за дестинацијата на бродот. "Се надеваме дека правните истраги во Гибралтар наскоро ќе доведат до ослободување на иранскиот танкер", се цитира изјавата на Зариф.

XS
SM
MD
LG