Достапни линкови

Макрон најавува планови за вселенски сили


Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја ќе создаде национална воена команда за вселената која на крајот ќе стане дел од воздухопловните сили. Макрон го објави тоа вчера, во пресрет на државната прослава на Денот на Бастилја во Франција, на која што ќе биде прикажана воена парада по булеварот на Елисејските полиња.

Се чини дека плановите се совпаѓаат со изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за формирање на американски вселенски сили до 2020 година, иако тоа ќе биде шеста рака на војската, а нема да биде дел од воздухопловните сили на САД. Критичарите го нападнаа планот на Трамп и рекоа дека тоа ќе биде губење на ресурсите.

Макрон го нарече фокусот на воените аспекти во вселената "вистинска национална безбедност". "За да се обезбеди развој и зајакнување на нашите капацитети во вселената, во септември ќе се формира висока команда за вселената", изјави Макрон пред воените претставници на приемот пред Бастилја.

XS
SM
MD
LG