Достапни линкови

Советот за човекови права на Русија против спомениците на Сталин


Илустрација - споменик на Сталин во Новосибирск.

Комисијата на Претседателскиот совет за човекови права на Русија соопшти дека подигнувањето на споменици на советскиот диктатор Јозеф Сталин на државно земјиште низ целата земја, е неприфатливо.

Изјавата на претседателот на Постојаната комисија за историска меморија на Советот, Сергеј Караганов, беше јавно објавена на 11 јули.

„Оние наши сограѓани и оние политички сили кои се подготвени да заборават, па дури и да ги оправдаат смртните случаи и стрдањата на милиони наши сограѓани, честопати најдобрите луѓе од земјата кои беа жртви на политичка репресија, депортација на луѓе, колективизација и поморот од град, поттикнуваат тага и жалење“, вели Караганов.

Тој додава: „таквите акции не само што го нарушуваат моралот и не ги почитуваат нашите предци, кои страдаа и покрај тоа што беа невини, исто така се противат на официјалните државни политики.“

Оретседателската комисја за човекови права е советодавна и нејзините изјави не се обврзувачки.

Во последните месеци разни споменици на Сталин се откриени на многу места низ Русија, додека за неколку години Сталин во државните медиуми и претставници е претставуван како „успешен менаџер“ кој ги предводеше Советите до победа над нацистичка Германија како дел од напорот на Кремљ да го прослават советското минато.

Милиони луѓе беа егзекутирани, праќани во логори низ Сибир и Казахстан или гладуваа до смрт за време на колективизациите при владеењето на Сталин.

За време на Втората светска војна цела етничка група беше пратена во Центална Азија како колективна казна за она што Кремљ го велеше дека е соработка со нацистичка Германија.

„Оние што му поставуваат споменици ја оправдуваат оваа репресија“, рече Караганов.

XS
SM
MD
LG