Достапни линкови

ДКСК: Не ја загрозуваме независноста на судиите од Врховниот суд


Влезот во зградата на Врховен суд

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопшти дека укажувањето што било доставено до Врховниот суд е во насока да превенира потенцијален судир на интереси што ќе настане доколку судиите против кои се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите, ќе го прикријат постоењето на приватниот интерес со што ќе постапат спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Согласно доставеното укажување, ДКСК не ја загрозува независноста на судиите од Врховниот суд, бидејќи не навлегува во постапувањето по конкретни предмети согласно процесните закони, затоа што, тоа се однесува на конкретна ситуација, за која важат одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Прикривањето на постоење приватен интерес од страна на службените лица, смета Комисијата, претставува повреда на должноста и основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

XS
SM
MD
LG