Достапни линкови

Груевски го обвинува Заев за манипулација по објавата на снимката на Ел Чека за случајот Нешковски


Архива - Комбо фотографија на претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски за време на митинзи за локални избори

Бившиот премиер, Никола Груевски, кој ужива политички азил во Будимпешта преку Фејсбук обвини дека актуелниот премиер Зоран Заев манипулирал со јавноста кога ја објавил „бомбата“ за Мартин Нешковски во 2015-та година.

Статусот на Груевски се однесува на последната пуштена аудио снимка на кичевчанецот Ел Чека за наводниот разговор меѓу Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

СДСМ во проектот „Вистината за Македонија“ во 2015 та објавија извадок од разговорот, во траење од неколку минути, според која, како што се наведуваше, Груевски и Јанкуловска го прикривале случајот со убиството на Мартин Нешковски. Снимката објавена од Ел Чека трае над 12 минути и од неа, според Груевски се добива поинаков впечаток во врска со овој случај. Но и оваа, новa снимка, по се изгледа не е целосна. Снимката на „Ел Чека“, објавена синоќа, во меѓувреме, била избришана и разговорот во својата целовитост, како што тврди Груевски, е недостапен за пошироката јавност.

Снимката во 2015 објавена во рамките на проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“ траеше нешто повеќе од три минути и ,според Груевски, имала за цел да создаде негативни емоции кај народот и да предизвика политичка криза.

21-годишниот Мартин Нешковски беше убиен од страна на полициски службеник за време на прослава на изборната победа ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје во 2011.

Полицаецот Игор Спасов за тоа е осуден на 14 години затвор.

XS
SM
MD
LG