Достапни линкови

САД бараат мировен договор и долгорочни односи со Авганистан


Американскиот мировен претставник за Авганистан, Залмај Хализад

Американскиот мировен претставник за Авганистан, Залмај Хализад изјави дека САД не „бегаат“ од земјата додека се одвиваат преговорите со талибанците за постигнување мировен договор.

"Ние би сакале да оставиме многу позитивно наследство тука. Ние не бараме договор за повлекување, бараме мировен договор и бараме долгорочни односи и партнерство со Авганистан ", изјави Хализад на прес-конференција на универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Хализад одржа осум рунди на мировни преговори со талибанците во Катар, при што порача дека последната рудна била најпродуктивна досега. Според него, постигнат е напредок на 4 клучни прашања, повлекување на странските сили до земјата, трајно примирје, гаранција од талибанците дека Авганистан нема да биде користен како база за напади на други земји и внатрешен дијалог кој ќе води кон политичко решение.

XS
SM
MD
LG