Достапни линкови

Италијанската опозиција бара Салвини да се изјасни за руските пари


министерот за внатрешни работи Матео Салвини

Италијански опозициски пратеници побараа од министерот за внатрешни работи Матео Салвини да излезе пред парламентот и да одговара во врска со наводите за таен план за продажба на руска нафта за финансирање на неговата проруска партија Лига. Претходно, медиумите објавија дека поранешен соработник на Салвини го предложил овој план за да се соберат пари за Лигата. Наводниот предлог бил даден во минатата година кога Лигата стана партнер во италијанската популистичка влада и пред европските парламентарни избори. Салвини ги отфрла ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG