Достапни линкови

Заев најави зајакнување на протоколот за телефонските разговори


Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

Премиерот Зоран Заев најави дека отсега ќе се зајакне протоколот за телефонските разговори со премиерот на државата, откако беа објавени телефонските разговори со руските „пранкери“ . Тој во вечерашното интервју за ТВ Клан Македонија, рече дека комуницира и дека го знаат протоколот кога ја прават конекцијата.

„Но секојдневната потреба на оваа мала земја да се интегрира, да се избори, го ставаат премиерот и други функционери да комуницираат директно со својот мобилен телефон“, рече Заев.

Во врска барањата на опозицијата дали ќе понесе одговорност, Заев рече дека прво да се утврди дали постои одговорност.

„Изразувам жалење ако сум повредил некој, рече Заев, додавајќи дека ако се утврди вина кај било, кој, вклучувајќи го и него самиот, ќе понесе одговорност.

Според него најголем проблем е недоволното внимание што требало да биде дадено на контролите и проверките со кои луѓе се разговара.

Заев рече река вчера му пишал еден од руските комичари, а во пораката напишал дека Заев храбро се борел на прес-конференцијата по објавените разговори.

„Јас возвратив со порака, реков дека јас сум чесен човек, немојте да го правите тоа така какви и да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ“, додаде Заев.

XS
SM
MD
LG