Достапни линкови

Џафери од Сребреница - Балканот повеќе нема да биде „буре барут“


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на одбележувањето на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на одбележувањето на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница, изрази надеж дека Балканот повеќе нема да биде „буре барут“ и дека регионот се менува кон подобро.

Тој, како што соопшти собраниската прес-служба, рекол дека работите во регионот веќе се гледаат низ една поинаква призма, новите генерации на политичари се со отворен ум, јасен светоглед, зборуваат за свет без граници, безброј можности за учење, истражување, работење и развивање на младите, за крила широко отворени и високи врвови за достигнување.

Апелираше до сите што се активно вклучени во донесувањето одлуки, во насочувањето на јавното мислење и придонесуваат кон градење и развивање на односите помеѓу земјите во регионот, да се посветат максимално на градење вистински релаксирани, демократски општества, со владеење на правото и почитување на човековите слободи и права, почитување на различните и обѕири кон послабите, немоќните, затоа што, рече, ги имаме сите услови да бидеме пример за регионот и за светот.

XS
SM
MD
LG