Достапни линкови

Новиот министер за животна средина сака да се соочи со еколошките проблеми


Илустрација, загадување во Скопје.

Новиот министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на средба со новинари рече дека сака да се соочи со еколошките проблеми за да може да им се овозможиме најдобра иднина за децата.

„Други земји, дури и малите како што е нашата покажаа дека е можно да се направат паметни еколошки одлуки кои носат и нови работни места“, рече Нуредини.

Тој смета дека треба да се размислува за паметни начини за да се отстрани отпадот и да се рециклира, да се размислува за алтернативни начини за затоплување на домовите. Министерот вели дека добар пример за тоа е Љубљана во Словенија.

Додаде дека посебен акцент ќе се даде на селектирање на отпадот, и ќе се обидат да внесат надворешно искуство со цел да ја намалат количината на отпадот што треба да заврши во депониите.

XS
SM
MD
LG