Достапни линкови

Северна Македонија дел од Глобалната заложба за слобода на медиумите


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Лондон во име на Северна Македонија ја потпиша Глобалната заложба за слобода на медиумите.

„Учесниците на конференцијата се обврзаа да зборуваат и да дејствуваат заедно, формирајќи Коалиција за слобода на медиумите за поддршка и истакнување на фундаменталната важност на слободата на медиумите за безбедноста, просперитетот и благосостојбата на сите општества, во здружување на напорите за споделување информации и преземање дејства кога новинарите и медиумските организации ќе бидат изложени на ризик, како и во разоткривање на кршењето и злоупотребите на слободата на медиумите и нивното споделување со глобалната јавност и промовирањето одговорност на овој план“, соопшти МНР.

Воедно земјите се обврзуваат и заедно да интервенираат на највисоко ниво со владите на земјите каде што слободата на медиумите е во опасност, и да покажат солидарност со земјите кои работат на градење медиумски слободи.

XS
SM
MD
LG