Достапни линкови

Илјадници луѓе им одадоа почит на жртвите од геноцидот во Сребреница


Одбележување на 24 годишнината од геноцидот во Сребреница

Илјадници луѓе присуствуваа на одбележувањето на 24 годишнината од геноцидот во Сребреница. Роднините на повеќе од 8000 жртви беа меѓу присутните во Меморијалниот центар Поточари. Погребани беа и посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница.

Во заедничко соопштение шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го опишаа геноцидот како „еден од најтемните моменти на човештвото во модерната европска историја“. Американскиот Стејт Департмент соопшти дека „темното поглавје во европската историја не смее да се негира и заборави“.

Меѓу присутните на комеморацијата беа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и српската премиерка Ана Брнабиќ. Меѓународниот суд во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница се квалификува како чин на геноцид.

XS
SM
MD
LG