Достапни линкови

Евростат: Северна Македонија има 2.077.100 жители


Скопје. Архивска фотографија.

Евростат соопшти дека Северна Македонија на 1 јануари годинава имала 2.077.100 жители што е за околу 2.000 повеќе во споредба со истиот период минатата година. Бројот на населението за една година е зголемен за 0,9 отсто, а лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најбројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска 4,077, во Албанија 2,86, а во Црна Гора 626.000 луѓе. Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за речиси еден милион повеќе од претходната година.

XS
SM
MD
LG