Достапни линкови

Заев: Пранковите се приватни работи, не се акт на Руската Федерација


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, и најави и средба со него, која била закажана пред десеттина дена и не е поврзана со неговиот телефонски разговор со руските пранкери, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план“, нагласи Заев по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил.

Тој посочи и дека е познато во јавноста оти Русија не сака Северна Македонија да биде членка на НАТО, но не поради земјата, туку поради тоа што е против проширувањето на Алијансата.

XS
SM
MD
LG