Достапни линкови

Најголеми штети од невремето во Преспа во селата кај „Маркова нога“


Граничен премин „Маркова нога“ во Преспа. Архивска фотографија.

Најголеми штети од невремето кое го погоди Преспанскиот регион имало во селата кои гравитираат кон граничниот премин „Маркова нога“: Штрбово, Наколец, Крани, Долно Дупени и Љубојно. Во невремето со силен дожд, ветер и град, е предизвикана голема материјална штета и се отсечени села. Невремето траело околу половина час, а ги уништило и земјоделските култури.

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот Крани, село Наколец и околните села.

XS
SM
MD
LG