Достапни линкови

Големо невреме на северот на Грција, петмина загинати


илустрација

Петмина луѓе загинале во средата вечер на полуостровот Халкидики во текот на многу големото невреме што го погоди северот на Грција, јавуваат грчките медиуми. Полицијата ја потврди смртта на три лица, додека двете други жртви биле пронајдени од пожарникарите. Според првичните информации загинале една жена од Романија, двајца Руси и дете од две години и неговиот 39 годишен татко од Чешка. Се наведува дека жената загинала откако паднал покривот на таверната каде што била додека дететото и неговиот татко загинале откако врз нив паднало дрво. Русите пак, наводно паднале од дрво. Невремето оставило големи штети во целиот регион.

XS
SM
MD
LG