Достапни линкови

Трамп се закани со нови санкции кон Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми санкциите против Иран. Тој денеска на својот Твитер профил напиша „санкциите ќе се зголемат наскоро, значително!“. Меѓународната агенција за атомска енергија одржува итен состанок за Иран откако земјата соопшти дека по втор пат го прекршила нуклеарниот договор со светските сили. Состанокот на Управниот одбор на агенцијата е повикан од страна на САД.

САД соопштија дека прекршувањето на нуклеарната програма од страна на Иран претставува изнудување, предупредувајќи ја земјата дека се изолира.

XS
SM
MD
LG