Достапни линкови

Бројот на политички затвореници во Русија два пати поголем од тој во СССР


Протести во Украина со барање до Русија да ги ослободи украинските политички затвореници

Бројот на политички затвореници во Русија е двојно поголем отколку тој во 1976 година во Советскиот сојуз, изјави денеска пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Њујорк, рускиот опозициски активист Владимир Кара Мурза. Тој тврди дека меморијалниот центар за човекови права со седиште во Москва проценува дека во моментов има 297 политички затвореници во Русија.

Кара Мурза како потпретседател на фондацијата Отворена Русија истакна дека во последниве четири години бројот на политички затвореници се зголемил за шест пати.

XS
SM
MD
LG