Достапни линкови

Лајен: Вратите на ЕУ да останат отворени за Западен Балкан


Архивска фотографија

Германската министерка за одбрана и кандидатка за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата. Таа во нејзиното обраќање во Европскиот парламент изрази надеж дека Велика Британија ќе остане во Унијата. Лајен посочи дека Лондон мора да ги реши своите работи во врска со Брегзит.

Таа е предложена за нова претседателка на ЕК, за што ќе се одлучуваа европратениците следната недела.

XS
SM
MD
LG