Достапни линкови

Предвремени избори во изборна година им одговара на ДУИ


Илустрација, лидерот на ДУИ Али Ахмети

Втората половина на мај, почеток на јуни или најдоцна октомври наредната година се добри термини за одржување на предвремени парламентарни избори, изјави денеска од собраниката прес сала Артан Груби од владеајачката партијаДУИ. Груби денеска изјави дека ДУИ смета оти предвремени парламентарни избори оваа година не треба да има, бидејќи прво треба да се заокружи процесот за влез на земјата во НАТО.

„Предвремени парламентарни избори не се тема помеѓу партиските лидери. Секако дека следната година е изборна година. Знаеме дека регуларните избори се во декември, но верувам дека во разговор со другите политички партии ќе има разбирање кампањата да се одвива малку порано, изборите да се одржат малку порано. Имајте предвид и дека согласно Законот за Влада ќе треба да имаме и техничка Влада сто дена пред избори, така што ако ги имате на ум сите овие рокови ќе видите дека оваа година впрочем не се можни предвремени парламентарни избори, а не се ни пожелни затоа што чекаме да го заокружиме процесот за зачленување во НАТО и да добиеме датум за членство во ЕУ“, изјави Груби.

Предвремени избори бараат и сите опозициски парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста да поднесе иницијатива за распишување во Собранието.

„Апсолутно мислам дека сега на сите им е јасно оти оваа Влада, која сега раководи со државата ниту знае како да раководи, ниту има способност да раководи, а во исто време е штетна за националните и државните интереси, за економскиот поредок, за демократијата, со злоупотребите на судството и обвинителството итн. Ден побрзо завршување на оваа матна страна на нашата држава е подобро за сите, подобро и за СДСМ, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската прес сала.

Пратеникот Костадин Костадинов, кој воедно е и портпарол на СДСМ, го повтори ставот на владејачката партија дека останува посветена на реформите, влезот во НАТО и добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG