Достапни линкови

Заев: Завчера дознав дека разговорите со Порошенко и Столтенберг се лажни


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави денеска дека сфатил оти телефонските разговори меѓу него и руските комичари кои се претставуваа како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар Јенс Столтенберг се лажни кога тие беа објавени на интернет пред два дена.

„Завчера кога се објавија снимките“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање кога дознал дека разговорите се лажни.

Заев додаде и дека и тој се обидувал телефонски да исконтактира со лажниот Порошенко.

„Во таа комуникација којашто сме ја имале. Да, можно е како што тие ме барале и јас сум го барал верувајќи дека е претседателот Порошенко“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG