Достапни линкови

Мермерна скулптура од богот Дионис ископана во Стоби

Минатата седмица на археолошкиот локалитет Стоби беше откриена мермерна скулптура со претстава на богот Дионис, информираа од Националната установа Стоби. Откритието е во рамки на археолошките истражувања во летната интернационална школа за теренска археологија.

„Инаку ова не е прва мермерна скулптура на Дионис во Стоби и во минатото се откриени една цела претстава, две глави и една рака. Сепак, ова е прва скулптура на Дионис од овој тип на локалитетот и нејзиното значење во поширок археолошки контекст ќе биде прецизно утврдено со понатамошните анализи“, соопштија од Стоби.

Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG