Достапни линкови

Протести во Казахстан против погрешни судски одлуки


Протестите во Казахстан

Во близина на кабинетот на лидерот на владејачката казахстанска партија Нур-Отан и поранешен претседател Нурсултан Назарбаев се одржаа протести на кои се бара воведување на специјална комисија која ќе ги разгледува, според демонстрантите, погрешните судски одлуки во минатото.

Демонстрантите соопштија дека нивните обиди да најдат правда во судницата се неуспешни и затоа бараат помош од Назарбаев. Тие исто така повикаа на оставка на претседателот на Врховниот суд. Вчера тие протестираа пред кабинетот на казахстанскиот претседател Касим Зомарт Токаев.

XS
SM
MD
LG