Достапни линкови

САД планираат воена коалиција за заштита на бродовите во Заливот


Генерал Џозеф Данфорд

Соединетите држави планираат да формираат воена коалиција за заштита на бродските линии во близина на Иран и Јемен поради тензиите со Техеран. Генерал Џозеф Данфорд, шеф на американскиот Генералштаб, изјави дека Пентагон ќе обезбеди командна и разузнавачка опрема за коалицијата. Претходно тој имаше средба со државниот секретар Мајк Помпео и со вршителот на должноста секретар за одбрана Марк Еспер. Иран веќе подолго време се заканува да го затвори стратегискиот Ормуски теснец преку кој се одвива една петина од трговијата со нафта.

XS
SM
MD
LG