Достапни линкови

Постигнат договор за патоказот за мировно решение за Авганистан


Мировните преговори во Катар меѓу талибанците и авганистанските власти. Архивска фотографија.

Талибанците и авганистанските делегати постигнале согласност за патоказот за идно политичко решение кое претставува чекор напред кон ставање крај на конфликтот во земјата кој трае речиси 18 години.

Во заедничка изјави тие наведуваат дека се договориле бројката на „цивилни жртви да се сведе на нула“ и на жените да им се обезбедат основните права кои се во сооднос со вредностите на исламот.

Документот не е обврзувачки, но, на него се гледа како на основна рамка за идниразговори за конечен мировен договор меѓу талибанците и претставниците на авганистанските власти.

XS
SM
MD
LG