Достапни линкови

Турција нареди апсење на 176 припадници на војската за поврзаност со Ѓулен


Илустрација

Турција нареди апсење на 176 припадници на војската поради поврзаност со обидот за државен удар во 2016 година. Обвинителството соопшти дека меѓу лицата кои се соочуваат со апсење се наоѓаат еден полковник, двајца потполковници, пет специјалност, седум капетани и 100 поручници.

Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган тврди дека муслиманскиот свештеник од САД, Фетулах Ѓулен, го организирал неуспешниот државен удар на 15 јули 2016 година. Ѓулен негираше каква било вмешаност во државниот удар, при кој загинаа 250 лица.

XS
SM
MD
LG