Достапни линкови

Советник на Макрон во Иран за нуклеарниот договор


Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го испрати неговиот главен дипломатски советник Емануел Боне во Иран на разговори за нуклеарниот договор од 2015 година, соопшти Елисејската палата. Макрон претходно најави дека бара начин за продолжување на дијалогот меѓу Иран и западните партнери. Иран реши да го зголеми нивото на збогатување на ураниумот откако САД го напуштија нуклеарниот договор и воведоа санкции врз Техеран.

XS
SM
MD
LG