Достапни линкови

Бугарија: изјавите на министерот Дачиќ се неприфатливи


бугарскиот премиер Бојко Борисов и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека коментарот на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ упатен до бугарскиот премиер Бојко Борисов е неприфатлив и дека не одговора на очекувањата на Софија во врска со одржувањето пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. Борисов во петокот изјави дека новоизбраниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел треба да ги застапува интересите на ЕУ за незвисноста на Косово, а не на неговата земја која не го призна Косово. Дачиќ во саботата на Борисов му порача да не му држи лекции на Борел.

XS
SM
MD
LG