Достапни линкови

Албанскиот претседател Мета на чекор до разрешување


Илир Мета

Албанскиот парламент, по два и пол часовна расправа, со 101 глас „за“, ја изгласа анкетната комисија, која ќе испитува дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот, со уредбата за одложување на изборите. Против формирање на комисијата гласаа шест пратеници, тројца беа воздржани, а еден одби да гласа. Претседател на комисијата е социјалистот Улси Мања, и доколку се има предвид дека петмина од деветте членови се негови сопартијци, како и гласовите во Парламентот, повеќе од јасно е дека предлогот за разрешување на Мета до Парлементот е веќе донесен, иако анкетната комисија својата работа треба да ја заврши во рок од три месеци. Во меѓувреме, албанската опозиција ги продолжи протестите барајќи оставка на премиерот Еди Рама.

XS
SM
MD
LG