Достапни линкови

Иран повика на воздржаност од потписниците на нуклеарниот договор


Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Абас Моусави

Иран ги повика денеска европските потписници на нуклеарниот договор да се воздржат од било какви нагли чекори откако Техеран ја надмина границата на збогатен ураниум. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Абас Моусави изјави дека во спротивно Иран ќе биде принуден да преземе крајни чекори, без да соопшти кои се тие.

Тој порача и дека нема информации за тоа колку Иран ја надминал границата на збогатен ураниум. Границата од 3,67 проценти на збогатен ураниум е доволна за мирољубиви цели и е далеку од потребното ниво за производство на нуклеарно оружје за кое се потребни 90 проценти.

XS
SM
MD
LG