Достапни линкови

Грчкиот претседател му го додели мандатот на Мицотакис


Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис му го додели мандатот за формирање Влада.

„Претседателот на државата, господинот Прокопис Павлопулос по средбата со Претседателот на Парламентот, господинот Никос Вуцис и соопштувањето од негова страна на распоредот на силите на партиите во Парламентот врз основа на резултатите од изборите на 7 јули, телефонски разговараше со Претседателот на Нова демократија, господинот Кирјакос Мицотакис и му го додели мандатот за формирање влада според член 37, параграф 2 од Уставот, соопштуваат од кабинетот на грчкиот претседател.

Мицотакис попладне ќе положи свечена заклетва во претседателската палата.

XS
SM
MD
LG