Достапни линкови

Забраната за летови меѓу Русија и Грузија стапи на сила


Рускиот претседател Владимир Путин

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за забрана на директни летови меѓу Русија и Грузија стапи на сила. Путин ги забрани летовите како одговор на антируските протести во Тбилиси и во одлуката се препорачува и руските агенции да не нудат патувања за земјата.

Кремљ соопшти дека забраната е привремена, но не се прецизира до кога ќе биде на сила. Според аналитичари, грузиската економија може да биде во загуба од 250 до 300 милиони долари годишно.

XS
SM
MD
LG