Достапни линкови

Британска истрага за објавените тајни белешки во кои се критикува Трамп


амбасадорот Ким Дарох

Британската влада соопшти дека го испитува истекувањето на доверливи белешки во кои британскиот амбасадор во САД ја критикува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп како „несмасна“. Во меморандумите, кои датираат од 2017 година до денес, амбасадорот Ким Дарох вели дека администрацијата на САД била несоодветна и оти немала да стане „помалку дисфункционална и помалку непредвидлива“. Министерството за надворешни работи не ја оспори точноста на документите. Претседателот Трамп пак изјави дека амбасадорот Дарох „не и служи многу добро на Британија“.

XS
SM
MD
LG