Достапни линкови

Помпео се закани со нови санкции врз Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео му се закани на Иран со „поголема изолација и нови санкции“, откако Техеран потврди дека Иран ќе почне да збогатува ураниум на највисоко ниво од договореното и покрај противањето на меѓународната заедница. „Најновиот развој на иранската нуклеарна програма води кон поголема изолација и поголеми санкции. Треба да се вратиме на старата политика која му забранува на Иран да збогатува ураниум. Иранскиот режим опремен со нуклеарно оружје ќе стане уште поголема закана“, напиша Помпео на Твитер.

XS
SM
MD
LG