Достапни линкови

Пари за пензија или затвор, предлог закон на романските пратеници


Илустрација, архивска фотографија

Владејачката партија во Романија планира да ги принуди возрасните потомци да им плаќаат „пензии за поддршка“ на своите родители, како и на бабите и дедовците, во спротивно ќе се соочат со затворска казна.

Со предлог законот, кој го поднесоа повеќе од 70 пратеници од владејачката партија во романскиот Парламент, се бара од возрасните деца да обезбедат финансиски средства за своите родители, дедовци и баби, како и прабаби и прадедовци кои живеат тешко, во облик на „пензии за поддршка“.

Станува збор за износ кој се одредува зависно од случајот. Предвидено е оние кои не ја исполнуваат оваа обврска да се соочат со парична казна или до три години затвор.

Во случај кога децата не можат да обезбедат пензија за издржување, обврската ќе ја преземат внуците на Романците, кои немаат од што да живеат.

XS
SM
MD
LG