Достапни линкови

Заев очекува датум во октомври, реформите паралелно со преговорите


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето. Според него, таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите.

„Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, истакна Заев на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Тој потенцира и дека посветеноста кон проширувањето ќе потврди дека регионот е од стратешки интерес за ЕУ, и оти со тие политики ќе се минимизираат интересите на трети страни.

XS
SM
MD
LG