Достапни линкови

Алтмајер: Северна Македонија има напредок, но не се исполнети сите услови за ЕУ


Македонско знаме и знаме на ЕУ

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави дека Северна Македонија и Албанија имаат остварено напредок за да се приближат кон единствениот пазар на Европската Унија, но, потребна е посилна борба против корупцијата и независно судство во двете земји.

„И покрај напредокот, се уште не се исполнети сите критериуми, за овие земји да бидат подготвени за членство во ЕУ“, рече Алтмајер на конференцијатa за Западен Балкан во полскиот град Познан.

На прашањето дали Северна Македонија и Албанија економски се подобни за во ЕУ, Алтмајер рече дека ова прашање не може да се одговори со „да“ во сегашно време.

XS
SM
MD
LG