Достапни линкови

Бугарија и Северна Македонија со искуства од Полска и Британија за Берлинскиот процес


Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров

Бугарија и Северна Македонија ќе испратат заеднички тимови во Полска и во Британија, за да разменат искуства во организирање на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес што Софија и Скопје преземат во текот на 2020 година.

Ова е договорено на работната средба во Познан на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан.

Димитров, Захариева и Данкан учествуваат на министерскиот форум што се одржува во Познан како дел од Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

XS
SM
MD
LG