Достапни линкови

Трамп ја пофали војската во говорот за 4 јули


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на прославата на Денот на независноста во Вашингтон ја пофали војската. „Нашата земја е посилна денес од кога и да било претходно“, рече Трамп во говорот во Вашингтон за кој демократите оценија дека бил „изборен митинг“ и обид за политизирање и милитаризирање на традиционалниот непартсики празник. 4 јули се прославува во САД во знак на потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година.

XS
SM
MD
LG