Достапни линкови

Рот: брзо отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот

Германскиот министер за Европа Михаел Рот на самитот на Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ изјави дека Берлин го поддржува процесот за пристапување на сите шест земји од регионот во Европската унија. „Сите ние сме одговорни да обезбедиме тој процес и да заврши“, рече Рот кој побара брзо отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. На самитот покрај лидерите на земјите од Западен Балкан денеска ќе ушествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, францускиот премиер Едуард Филип и полскиот претседател Анджеј Дуда.

XS
SM
MD
LG