Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР: Гласачите во Албанија под притисок од сите партии


Архива - локални избори во Албаниа.

За време на локалните избори во Албанија гласачите биле под притисок од сите политички партии, а во некои случаи не гласале слободно и не биле добро информирани, изјави шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Едру Гловер претставувајќи ги денеска првичните оценки за изборите.

Таа ги повика сите политички партии да работат во име на сите граѓани, а не само за оние кои ги поддржуваат. Таа најави дека по собирањето на сите информации од терен, конечната оценка ќе биде внесена во финалниот извештај кој ќе биде готов по два месеца.

„Не е наш мандат да ги потврдиме изборите, но ние ги следиме и потоа излегуваме со финален извештај. И ние исто така видовме докази дека гласачите беа под притисок од сите политички партии, кои во некои случаи не им дозволуваа на гласачите слободно да гласаат и не беа добро информирани“, изјави Гловер.

XS
SM
MD
LG