Достапни линкови

Иран го повика британскиот амбасадор за задржувањето на танкерот во Гиблартар


Гиблартар: Брод на Британската кралска морнарица покрај танкерот осомничен за пренесување на иранска сурова нафта во Сирија.

Иран го повика британскиот амбасадор во Техеран заради „нелегалното запленување“ на ирански танкер за нафта во Гиблартар, соопшти официјалната владина новинска агенција ИРНА цитирајќи денешна изјава на портпаролот на Министерството за надворешни работи Абас Мусави. Засега нема реакција на британските официјални претставници.

Претходно властите во Гиблартар соопштија дека задржале танкр за нафта под сомнение за пренесување на сурова нафта во Сирија и прекршување на санкциите на Европската унија.

XS
SM
MD
LG