Достапни линкови

МНР: Придонесите за вработените се исплаќаат редовно


Министерството за надворешни работи во Скопје.

Министерството за надворешни работи преку соопштение реагира на „изнесени невистини поврзани со здравственото осигурување на вработените“ во Министерството, откако претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонската дипломатија три месеци била без здравствено осигурување.

МНР во соопштението вели дека платата на вработените во Министерството, како и во останатите државни институции согласно законската регулатива не би можела да биде исплатена „без уредно платени придонеси“ за здравствено и пензиско осигурување.

„Исто така факт е дека платата во МНР во континуитет се исплаќа редовно – платата за јуни 2019 година беше исплатена во текот на вчерашниот ден, 3 јули 2019 година“, велат од МНР.

Од Министерството упатуваат потврда на фактот за редовно уплаќање на задолжителните придонеси да се провери во УЈП, Фондот за пензиско осигурување и Фондот за здравствено осигурување.

ВМРО-ДПМНЕ претходно на прес-конференција обвини дека трет месец македонските дипломати, амбасадорите службите и ДКП-ата, не им се покрива здравствено осигурување.

XS
SM
MD
LG