Достапни линкови

Загинати над 80 мигранти откако потонал нивниот чамец во Медитеранот


Архива - Мигранти во Медитеранското Море откако потонал нивниот чамец.

Околу 80 мигранти се стравува дека се загинати, откако нивниот брод потонал кај крајбрежјето на Тунис, соопшти денеска на Твитер портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Флавио Ди Џакомо.

„Бродоломот се случил на брегот на Тунис, четворица преживенани биле спасени и однесени во Тунис. Тие велат дека нивниот чамец пренесувал 86 луѓе. Се стравува дека околу 80 мигранти се мртви“, напиша тој на Твитер.

Еден од четворицата преживеани подоцна починал во болница, се вели во извештаите.

Бројот на исчезнати мигранти веројатно е 82, додаде портпаролот на ИОМ.

Бродот бил на пат од Либија кон Италија, соопшти туниската крајбрежна стража.

Либија одамна е главна транзитна рута за мигранти, особено од субсахарска Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европа со помош на криумчари со луѓе.

Во мај најмалку 70 мигранти загинаа откако потона нивниот брод кај тунискиот крајбрежен град Сфакс.

XS
SM
MD
LG